Ракомет: „Борец“ изгуби од „Вардар“ со осум голови разлика (ВИДЕО)
РК Борец е поразен од европскиот шампион Вардар во последниот натпревар од 10.коло од плеј офот. Во спортската сала Гемиџии Вардар го победи Борец со 36:28 (15:12).
Велешките ракометари не се предадоа лесно. Тие на моменти беа конкуренетни и во еден момент ја намалија разликата на само еден гол, на 20:21 по што тренерот на Вардар, Раул Гонзалез мораше да бара тајм аут.
Натпреварот во Велес за тројца играчи на Вардар: Петар Ангелов, Алекса Душебаев и Александер Деревен беше последен во „црвено-црниот“ дрес.
По единаесеттото коло на конечната табела РК Борец е шести. Редоследот изгледа вака:
1. Вардар 27 бодови (шампион)
2. Металург 27 бодови
3. Еурофарм Работник 12 бодови
4. Охрид 12 бодови
5. Пелистер 12 бодови
6. Борец 10 бодови
Велешката публика ja наполни салата Гемиџии. Околу 3.000 гледачи присуствуваа на натпреварот во кој го бодреа градскиот клуб но и го поздравија новиот европски првак./У.Ј