Агонијата продолжува, ФК „Борец“ поразен дома од ФК„Ренова“
Нов пораз на фудбалерите на Борец. Во рамките на 14 коло на првата фудбалска лига, на домашен терен, претрпеа висок пораз од екипата на тетовска Ренова.
Карактеристично за натпреварот во кој прими четири а даде само еден гол, е што фудбалерите на „Борец“ создаваа шанси но, наместо да завршуваат со голови во противничката мрежа,беа промашувани. И тоа додека гостите немилосрдно ја полнеа мрежата на Рниќ.
Ренова по 27 минути имаше предност од 3:0 со головите на Али во 11 минута, на Селмани во 13 и Перез во 27 минути. Во 65 Селмани зголеми на 4:0.
Почесниот гол за „Борец“ го постигна Ѓоргиев во 85 минута.
За одбележување е податокот дека домаќинот, денеска, на Градски стадион „Зоран Паунов“ имаше осум стопроцентни шанси од кои искористи само една додека гостите од пет искористија четири.
По овој пораз „Борец“ стана најсериозен кандидат за напуштање на првата лига.
Лазар Лазаровски