Борец – Брегалница Штип 1:1
Објавено на 22 август, 2021 во 19:15
Со мирољубив резултат и поделба на бодевите заврши средбата помеѓу Борец и Брегалница во рамките од четвртото коло на првата фудбалска лига. Во првото полувреме гостите ја имаа средоната на теренот но и створија повеке прилики за гол. Во второто полувреме Борец заигра поофанзивно и преку Трајковски поведе во 65тата минута по една несмасна интервенција на голманот Денковски.
Во самиот финиш домашните имаа шанса да ја потврдат победата но на два пати биеа во дирекот. Казната стигна во 95 тата минута, во судиското продолжение кога Додев израмни. Нерешениот резултат беше и најреален однос на силите на теренот.
Лазар Лазаровски