(фото) Двете екипи на „Виола Волеј“ од Велес го осовија среброто на меѓународниот одбојкарски турнир
Викендов во спортската сала на „Блаже Конески“ се одржа Меѓународен одбојкарски турнир“. Два дена екипите составени од пионерки и кадетки од Македонија, Србија и Грција се натпреваруваа за прво, второ и трето место.
На првиот турнир одржан во саботата, првото место го освои О.К „Панда“ од Врање, Република Србија. Второто место, сребрените медали и пехар го освоија домаќинките, поточно велешанките од „Виола Волеј“, додека третото место Г.С „Олимпиа Лариса“ од Грција а четвртото О.К Јанта Волеј од Скопје.
Во неделата, на вториот ден од меѓународниот одбојкарски турнир, златните медали повтоно ги освоија одбојкарките од О.К Панда од Врање – Србија додека сребрените и второто место повторно домаќинките од О.К Виола Волеј. Овој пат, третото место го освоија одбојкарките на О.К Јанта Волеј од Скопје додека четвртото место Г.С Олимпиа Лариса од Грција.
Гостите на турнирот освен со награди си заминаа и со многу убави спомени, вели Милан Радевски тренер на „Виола Волеј“.
-Турнирот помина во најдобар ред. Гостите изразија голема благодарност до организаторите и се надеваат дека и наредна година ке добијат покана. Децата се дружеа секојдневно, во интернатот каде што беа сместени, низ градот, особено им се допадна нашето езеро, каде што бевме сите екипи заедно, додава Радевски.
Исто така, од „Виола Волеј“ упатуваат и голема благодарност до сите ангажирани лица како и до родителите и спонзорите кои несебично ја дале својата поддршка.
Стефани Манева
фото галерија: