Фудбалерите на „Борец“ не успеаа да ја совладаат екипата на „Македонија Ѓорче Петров“
ФК „Борец“ одигра нерешено со ФК „Македонија Ѓорче Петров“ 1:1, попладнево, на градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес во средба од 16 коло на првата фудбалска лига одиграа.
Ова беше интересен натпревар во кој двете екипи имаа свои периоди на добра игра.
Првото полувреме му припадна на „Борец“ чии фудбалери повеке напаѓаа и во 32 минута по една убава акција која ја започна Трајковски и одличниот центаршут на Јанкулов, центарфорот Ѓоргевик ја претвори во водство. До крајот на полувремето домашните можеа да го зголемат водсвото, како и гостите да израмнат но голманите беа на висина на задачата.
Во второто полувреме гостинските играчи ја преземаа играта и повеке напаѓаа. Во 65 минута, по еден центаршут од десната страна, највисок скок имаше фудбалерот Камара и постигна убав гол со глава. Финишот на натпреварот им припадна на домаќините кои напаѓаа и создадоа неколку шанси иако не дојде до промена на резултатот.
Вредно да се спомене во вториот дел на натпреварот имаше два удари во дирекот на головите, по еден за двата состави во 55 минута од Алексовски за „Македонија Ѓорче Петров“ и во 81 за Јанкулов од „Борец“.
На клупата кај „Борец“ денеска го немаше тренерот Јане Николоски кој е отсутен поради болест. Па екипата ја водеше неговиот помошник Благој Лефков.
Лазар Лазаровски