Фудбалерите на „Борец“ се вратија од подготовките во Турција, Октај и Мамадзаде ново засилување
Фудбалерите на прволигашот „Борец“ се вратија од 12 сет дневните подготовки кои ги одржаа во Анталија, Турција. Веднаш по враќањето продолжија со тренинзи на градскиот стадион во Велес. На тренинзите недостасува новото засилување Ракип Октај кој е ковид позитивен но за некој ден му завршува изолацијата и ќе се приклучи на екипата.
Благој Левков тренерот на „Борец“ е задоволен од досега сработеното.
-Имавме во Турција инзворедни услови за работа. Одлични терени и сместување. Силни противници со кои одигравме контролни средби. Мтк од Унгарија, Каспи Казахстан, Кабала Азербејџан и ЦСК од Бугарија. Сите играчи добија шанса и задоволен сум од пристапот и покажаното. Имавме и малер сите да добиеме стомачен вирус кој беше саниран за два дена но остави трага и ги истошти играчите. На 6 ти Февруари имаме натпревар со екипата на „Воска“ од Охрид кој ќе преставува генерална проба пред продолжението на првенството, додаде Левков.
Што се однесува до нови засилувања како стојат работите завршена е работата со играчот Мамадзаде од Казахстан, кој игра во средниот ред таканаречен последен везен и се очекува неговото доаѓање. Тој со екипата беше во Анталија. Во меѓувреме се водат разговори со уште неколкумина играчи.
Лазар Лазаровски