Левков: Одигравме храбро сите играчи го дадоа максимумот, вака се бранат боите на клубот
На првиот натпревар пред своите гледачи екипата на „Борец“ во рамноправен меч ја совлада екипата на „Тиквеш“ од Кавадарци со резултат 2 : 1.
Натпреварот изобилуваше со шанси но голманите бранеа на виско ниво и заслужуваат високи оцени за нивниот настап. „Борец“ поведе со голот на Ѓоргиев на почетокот на второто полувреме. Гостите возвратија по три минути преку Вареловски.
Најголемите возбудувања се случија на крај во судиското продолжение. Најпрвин домашниот центархалф Садики биеше во пречката а во последниот напад Манасиев погоди за победа и три бода.
Благој Левков помошен тренер во „Борец“ не го криеше задоволството.
-Одигравме храбро сите играчи го дадоа максимумот на претоплото време. Вака се бранат боите на клубот. Честитки до сите играчи за борбеноста,рече Левков.
Лазар Лазаровски