Нов пораз на ФК „Борец“

Објавено на 3 октомври, 2021 во 13:07

Екипата на велешки “Борец” претрпе уште еден пораз, овој пат од екипата на „Шкендија”во Тетово  со резултат 3:0.Натпреварот се играше во рамките од деветото коло на првата фудбалска лига.

Домашните заслужено стигнаа до победата и трите бода. Велешани со овој пораз влегоа во серија лоши игри и порази со што се доведоа во ситуација да се борат за опстанок во лигата.

Можеби добро е што заради обврски на државната репрезентација ќе има прекин на првенството па ќе може да се консолидираат редовите и да размисли како понатаму. Како и да е кризата  дојде во незгодно време и ќе мора да се надмине ако сакаме и понатаму да гледаме прволигашки фудбал во Велес и вгодина.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.