Нова победа на ФK „Превалец“

Во натпревар од 11 тото коло на третата фудбалска лига Југ, фудбарите на Превалец без некои потешкотии на гостувањето во Прилеп ја совладаа екипата на Динамо од село Мажунчиште, со резултати ФК „Динамо“ – ФК „Превалец“ 1:5. Стрелци на головите беа Дукадиновски, Крстевски, Ѓоргиевски, Стојчевски и Петровски. Во текот на целата средба велешани доминираа и немаа некои посериозни проблеми да стигнат до бодевите. Со оваа победа се втори на табелата со 25 бодови, еден помалку од воечкиот „Вардар“ од Неготино.


Димче Маневски тренерот на ФК „Превалец“ по натпреварот ни изјави.
„Очекувана победа во натпревар во кој одигравме дисциплинирано. Не го потценивме противникот и тогаш резултатот доаѓа сам по себе. На некои натпревари не можам да сметам на сите играчи. Имаат работни обврски. Сите аматерски се бавиме со фудбалот и јас сум презадоволен од досега покажаното. Ако успееме на натпреварите да бидеме комплетни ќе му конкурираме на „Вардар“ за првото место. И вака не е лошо ги исполнуваме амбициите со пласманот во горниот дел на табелата.”
Лазар Лазаровски
