Нова победа на одбојкарите на ГOK „Борец“,федерацијата пресече и ќе се преигра натпреварот со ОК „Лирија“
Одбојкарите на „Борец“ продолжуваат со одличните настапи во годинешново првенство на првата одбојкарска лига. Одбојкарите со максимален резултат 3:0 на домашен терен ја совладаа екипата на “Универзитет Гоце Делчев” од Штип. По сетови 25:15,25:18 и 25:15.
Дарко Николов помошен тренер во „Борец“ со следново видување за средбата:
-Одлична игра, добар прием, организацијата на нападите како што треба, блокот на висина на задачата. Едноставно го надигравме противникот, рече Николов.
На овој натпревар за ГОК „Борец“ настапи и новото засилување, украинецот Роман Волков, универзален играч и ке биде од голема корист на екипата.
Исто така, најновата информациија која стигна од одбојкарската федерација е дека средбата од минатото коло помегу ОК„Лирија“ и ГОК „ Борец“ ќе се преигра. Федерацијата ја прифати жалбата на велешани за украдената победа во Тетово како и забелешките кои се однесуваат на случувањата на паркетот, несвојствени во спорт.
Да потсетиме дека одбојкарите на велешки „Борец“ , миниот викенд, беа вратени од соблекувална и се преигруваа поени, се со цел средбата да ја добие домаќинот.
Лазар Лазаровски