Само чудо може да го спаси ФK „Борец“ од испаѓање од првата фудбалска лига

Нов пораз на ФK „Борец“ кој води во втора лига. Фудбалерите денеска, дома, на градски стаион „Зоран Паунов“ изгуби од ФК „Струга Трим лум“ со 0:1.
Велешките фудбалери во натпревар од 21 коло претрпеа уште еден пораз по кој заедно со екипата на битолски „Пелистер“ се најблиску до втората лига.

„Борец“ настапи со преполовен состав. Отсуствуваа поради повреди повеке првотимци но сепак се очекуваше поволен резултат на овој натпревар. Играта беше рамноправна а победникот беше решен во 52 минута кога гостите со брз противнапад преку Шабани стигнаа во водство.

На голот му предходеа две шанси на „Борец“ па кога не погодуваш казната стигнува. По дадениот гол стружани се бранеа на сите начини, се превиткуваа по секој контакт, ја умртвија играта и стигнаа до бодовите.
Лазар Лазаровски
