Сојузот на спортови на Велес го објави конкурсот за „Избор на спортист на годината 2025“ и најуспешните во областа

Објавено: 2 декември, 2025, во 15:30 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Годинава, покрај изборот на „Спортист на годината“, Сојуз на спортови на Велес, избира и најуспешен тренер, спортска екипа, спортски судии, спортски работници, како и најдобри спортски манифестации за 2025 година.

Во критериумите за избор се наведени постигнатите резултати на поединци спортисти, спортски работници како и на екипи  во домашни првенства организирани или поддржани од Националните спортски федерации како во олимписки така и во неолимписки спортови. Нагласени се и континуитетот, квалитетот на резултатите и значењето на достигнувањата за развојот на велешкиот спорт.

Конкурсот објавен е денеска и отворен е во наредните 10 дена поточно до 12 декември, годинава. Поединци и спортски клубови ќе можат да поднесуваат кандидатури, во затворени и запечатени пликоа со назнака за „Избор за спортист на годината 2025“,   секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот на портирницата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.

Дума.мк го реобјавува конкурсот на Сојуз на спортови Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.