Кајакарот Љубомир Спасиќ од Велес четвртопласиран на европското првенство во Германија

Објавено на 19 мај, 2016 во 13:52

Кајакарот Љубомир Спасиќ од Велес го освои четвртото место во дисциплината спуст на диви води на финалето на Европскиот куп што се одржа во Алсбург, Германија. Во конкуиренција од сто натпреварувачи од повеќе европски земји Спасиќ беше четвртопласиран. Тој денеска своите искуства од натпреварот ги сподели со градоначалникот Чадиев.

„Тоа за мене значи голем успех, а воедно е успех и на Република Македонија и на општина Велес. Изразувам голема благодарност до општината што издвои толкав буџет за да учествувам на овој европски шампионат“, рече Спасиќ.

„Јас само сакам да му честитам и да му посакам уште поголем успех на следниот натпревар. Ние во Велес имаме позитивни резултатите од нашите четири кајакарски клуба и како општина ќе ги поддржуваме и во иднина“, рече градоначалникот Славчо Чадиев.

Инаку „убомир Спасиќ е член на кајакарскиот клуб „Гемиџии“ од Велес и беше бил единствениот претставник на Македонија на ова првенство. Следен негов предизвик ќе биде светското првенство во кајак што ќе се одрж во Бања Лука од 1 до 5 јуни, а од 9 до 11 јуни ќе учествува и на Светскиот куп за кајак Цеље во Словенија./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.