Стрелецот со воздушна пушка Надица Апостоловска,спортист на годината во Кавадарци!

Објавено на 28 декември, 2012 во 15:02

Остварената олимписка норма и покажаните врвни резултати, по вторпат и го донесоа ова признание на  . дваесет и четири годишната Апостолова. Иако таа не замина на Олимпијадата во Лондон има постигнато резултати кои беа пресудни за највисокото годишно признание кое градот го доделува на спортисти.

Надица Апостолова се натпреварува со воздушна пушка на 10 метри и малокалибарска пушка на 50 метри. Во последните неколку години  е убедливо најдобриот стрелец во земјава за што потврда има дадено и  спортската стерлачка федерација. Годинава на Европското првенство во Финска испука 390 од можни 400 круга.

Таа на меѓународен турнир во Сандански во Бугарија го освои првото  место со погодени 391 круг. На четири натпревари во Македонија освојува  први места со резултати меѓу 392 и 394 круга.

Апостолова има постигнато три Б норми меѓу две олимпијади и беше најзрел кандидат за ЛОИ во Лондон 2012 и е стипендист на МОК. Поради превирања во Македонската спортска стрелачка федерација и беше  одземена можноста,  врвната форма да ја покаже на олимпијадата.Таа е академски граѓанин со диплома од ликовната академија отсек вајарство и сеуште е невработена.

Кавадарчани за најдобар тренер во 2012 година го избраа Емил Рајковиќ. Тој е тренер на КК “Фени индустри“, а овој кошаркарски клуб е прогласен и за најдобар колектив за оваа година.

Директорот на спортската сала “Јасмин“, Сашо Атанасов е најдобар спортски работник.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.