Шпанија, СП во ракомет: Лазаров прв стрелец на мундијалот по три дена
Објавено на 14 јануари, 2013 во 19:56
Добрата форма на Кирил Лазаров се чувствува во првите два натпревари, објави ТВ Тера.
Најдобриот стрелец на мундијалите повторно одлично стартуваше и по три натпреварувачки дена на СП во Шпанија го запоседна врвот на листата на стрелците со 17 постигнати голови на две одиграни средби. Статистиката вели дека нашиот репрезентативец има упатено 21 удар што му носи процент на реализација од 81%. 8 погодоци Кире ги постигна од 7 метри од каде промаши само еднаш. Зад Лазаров на листата со по 13 постигнати погодоци се Егерт (Данска), Сигурдсон (Исланд) и Банур (Тунис).