ФОТО: Литванската женска кошаркарска репрезентација задоволна од приемот во Кавадарци
“Нашата репрезентација е подготвена и очекуваме пласман на Евробаскет. Не потценуваме ниеден наш противник. Сеуште ја паметиме победата од Македонија. Задоволни сме од досегашните натпревари во кои победивме“рече селектрот на најмоќната женска кошаркарска репрезентација во Европа, литванската и нема да биле изненадени доколку повторно се случи чудо и повторно победи македонската репрезентација. Тој заедно со делегација од репрезентацијата беа на прием кај градоначалникот на Кавадарци, Алексанар Панов.
Градот на грозјето и виното е домаќин на квалификациите за Евробаскет 2015 и засега како домаќин има добиено висока оценка. И литванците изнесоа оценка дека се гости во град каде граѓаните имаат тополина и се одлично прифатени.
Задоволен од приемот на домаќините е и директорот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Јане Петковски. Тој рече дека во делот на организацијата се исполнети строгите критериуми кои се бараат за организирање на едно вакво натпреварување./А.Д