Иницијатива за возобновување на велосипедската трка „Ваташки меморијал“
Локална самоуправа Кавадарци и претставници на Велосипедската федерација на Македонија се договорија да отпочнат активности за возобновување на велосипедската трка „Ваташки меморијал“.
Ќе се завршат сите потребни подготовки и догодина ова велосипедска трка која беше позната во поранешна Југославија повторно ќе се вози.
Секретарот на Велосипедската федерација, Сашо Ванчевски рече дека „Ваташкиот меморијал“ на повозрасните им е во добро сеќавање.
„ Тоа беше една од најпрестижните трки во минатата држава која ја имавме.Трката имаше 37 изданија. Најголемите шампиони од овие простори учествувале на таа трка. Сеќавањата будат и емоции.“ рече Ванчевски и даде збор дека тој лично, но и федерацијата ќе се заложат за организирање и возобновување на меморијалот кој се возеше во чест на 12 сте ваташки младинци стрелани од бугарскиот фашистички окупатор.
По повод двата илиндена, 111 години од Илинденското востание и 70 години АСНОМ синоќа и денеска претпладне во Кавадарци претстојуваше велосипедскиот караван кој тргна од Крушево, а утре треба да пристигна на чествувањето на Илинден во Пелинце.
Учесниците во караванот рекоа дека не е тешко да поминат повеќе километри, бидејќи тоа го прават во чест на значајни историски датуми за Македонија.
„Овие два дена сме на велосипед. Кавадарци беше велосипедски град, се надевам дека тоа ќе биде така и во иднина. Ако се возобнови ваташки мемроијал ќе биде голема чест да да возам на тој меморијал “ рече националниот шамипион во велосипедизам, Стефан Петровски. Во ова велсоипедска трка се вклучени и велосипедисти под 15 години од повеќе клубови во земјава.
