Димитри Арсов, од аматер до професионалец во пливање
Димитри Арсов има осумнаесет години. Тој е ученик во средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ и како добар пливач аматер себе си се гледа меѓу професионалците. Се насмевна кога го прашавме колку долго плива и тренира за потоа да одговори „откако знам за себе“. Димитри беше само еден од повеќето граѓани кои аматерски исплива на патеката долга 2,5 км во велешко езеро на првиот маратон на „Младост“. И денеска како и пред непон месец вели дека чувството е убаво исто како и временските услови што дополнително го стимулираат секој пливач кој учествува на вакви трки.
„ Сакам пливање, уживам додека сум во вода. Бидејки самоиницијативно тренирам воопшто не ми беше тешко да ја испливам стазата од два ипол километри. Тоа повторно би го сторил,“ рече Арсов.
Тој додаде дека би тренирал поредовно во колку има такви услови во Велес. Засега на редовни тренизи оди во лето додека во зима тоа го прави само кога може да замине во Скопје.
„Таму пливам во зима бидејки во Велес нема затворен базен. Тоа не е редовно, секојдневно, туку кога можам. Кога градот би имал затворен базен би можел постојано да тренирам а не како досега само во лето,“ рече Арсов.
Димитри вели дека познава многу млади луѓе кои во лето редовно пливаат на градски базен. Со оглед на возраста на која почнале да му се посветуваат на овој спорт меѓу нив има талентирани пливачи.
„ Не има повеќе. Јас би сакал и професионално да се бавам но засега немам услови. Но можно е тоа да го сторам еден ден и се надевам на успех, рече Арсов.
Ова младо момче и вгодина повторно ќе учествува на пливачкиот маратон. Различна може да биде само должината на патеката што планира да ја исплива. /Д.С