КК „Борец“ со победа на почетокот на првенството
Објавено на 27 октомври, 2014 во 16:01
Победа за кошаркарскиот клуб „Борец Баскет“ на стартот на новата сезона. Со краен резултат од 86:60 екипата на Борец ја совлада екипата на „Црн Дрим“ од Струга.
Во текот на целиот натпревар кошаркарите на Борец имаа убедлива игра со што премиерно победија во втората кошаркарска лига. Како екипа покажаа добра игра но по бројот на освоени поени и асистенции на теренот се издвоија Виларов и Ивковиќ.
Следен противник на КК „Борец Баскет“ е тимот на „Тетекс“ од Тетово на гостински терен. Потоа велешани ќе бидат домаќини на минатогодишниот прволигаш Вардар Апаве.
Велешките кошаркари се надеваат дека ќе победат на сите натпревари кои ќе ги одиграат на домашен терен, но секако ја очекуваат и поддршката од публиката во спортската сала „Гемиџии“./Д.С
