Велес, викендов, домаќин на Меѓународен одбојкарски турнир
Одбојкарскиот клуб „Виола Волеј“ организатор е и домаќин на Меѓународен турнир којшто во претстојниот викенд ќе се организира во сала на ООУ „Блаже Конески“ во Велес. На турнирот освен домаќините ќе учествуваат гости од Грција, Г.С „Олимпија“ од градот Лариса и ОК „Панда“ од Врање, од Србија како и шампионот на Македонија, екипата на „Јанта Волеј“.
Меѓународниот турнир во одбојка ќе се одржи во салата на ООУ„Блаже Конески“ во Велес.
Иако гостите од Грција пристигнуваат во градот утре, петок, 10 мај, и ќе го имаат првиот тренинг доцна поладнето, сепак свеченото отворање е закажано за сабота,11 мај, со почеток во 10:00 часот. Во двата дена на викендот ќе се одржат повеќе одбојкарски натпревари.
Домаќините, ОК „Виола Волеј“, упатија покана до сите љубители на одбојката во градот и во државата да ги посетат натпреварите и да го проследат турнирот, којшто за прв пат го организираат во Велес.
Ангел Јаневски