Велешкиот атлетичар Роберто Димитриевски 6-ти на „Белградски маратон“ во Србија
Роберто Димитриевски, член на Атлетскиот клуб „Велес“, од Велес, во трката на 10 километри го освои високото 6 место со време 36:53 минути на завчера одржаниот 37 по ред „Белградски маратон 2024“ на кој што победник е Вјачеслав Соколов од Русија.
Со овој пласман, воедно, Роберто е и најдобро пласиран на оваа трка од македонските атлетичари. Втор од македонските учесници е Александар Христов којшто го освои 35-то место.
Во полумаратонот, на 21 километри,исто така. на шесто место се пласира македонскиот атлетичар Дарио Ивановски со време од 1:06.31 минути, во трката во која прв е атлетичарот Мохамед Ел Гаузани од Мароко.
На годинешниот „37 Белградски маратон“ на сите трки учествува повеќе од 13 илјади учесници од 72 земји од светот што е најголема бројка на атлетичари кои досега учество на овој познат сите досегашни организирани маратони.
По враќањето од Белград, на 12 мај, во Скопје, Роберто Димитриевски ќе учествува на трката „Хал Еко Скопје Трча 10 км“. Тој, исто така, во текот на овој месец учествуваше на уште два меѓународни маратони. Поточно се пласира на трето место на маратонската трка на 5 километри „Rotary Run 2024“ во Кочани којашто се одржа на 14 април додека беше петти на трката „Syperior Runs – Стани трчај“ во Штип, на 21 април. Трките беа меѓународни.
Убавка Јаневска