Велешкиот карате клуб „Гладијатор“ со прво место за најуспешен клуб на натпреварот „Солидарност опен“
Со 16 први места, три втори и едно трето место, велешкиот карате клуб „Гладијатор“ на меѓународниот натпревар „Солидарност опен“ се стекна со прво место за најуспешен клуб. На натпреварот учество земаа 550 натпреварувачи од Македонија, Србија и Косово.
Заслужни за наградата „Најуспешен клуб“ се Петреска Вања, Матео Горгиев, Димовски Борјан, Петрушевски Димитар, Тодоровски Стефан, Неделчева Симона, Димитров Златко, Димовски Антонио, Игевска Паула, Сутинов Тодор ,Бацковиќ Лука, Чорески Хасан, Неделчева Михаела, Наковска Ивана, Крајчев Андреј, Ѓурчиновски Иван, Јовановски Никола и Теова Ивона. Како и двете освоени први места за Ката Тим машки 2014-2015 година и Ката Тим машки 2010-2011 година.
-На натпревар „Солидарност опен“ за некој беше последен за сезонава, а за некој контролен пред Балканското првенство. Гладијаторите се покажаа во одлично светло. Продолжуваме понатаму кон нови цели и успеси, велат од Клуб „Гладијатор“.
Инаку, натпреварот се одржа вчера, во спортската сала „Крсте Мисирков“ во населба Ченто, во Скопје.
Стефани Манева