Висок пораз на екипата на ФК „Борец“
Објавено на 10 март, 2022 во 13:23
Во Струмица во рамките од 22 коло на првата фудбалска лига, „Академија Пандев“ го совлада „Борец“ со високи 5:0. Струмичани во текот на целиот натпревар беа подобар тим, створија повеќе шанси, го имаа поседот на топката и доминираа на средината на теренот.
Играчите на „Борец“ одиграа во границите на она што навикнавме да го гледаме оваа сезона. Стрелците и овој пат потфрлија. Промашени се неколку стопостотни шанси. Не дека некој гол во мрежата на домашните ќе донесеше резултатски пресврт туку ќе дадеше друга димензија за самиот отпор на „Борец’.
Во следното коло велешани повторно гостуваат. Нивни домаќин е екипата на „Работнички“ во Скопје.
Лазар Лазаровски