Започна првенството на третата фудбалска лига – Југ
Во првото коло екипата на Фк „Превалец“ на домашен терен требаше да се сретне со Фк „Напредок“ од Крушевјане но гостите не допатуваа во Велес. Во меѓувреме се откажаа од учество во лигата.
Во второто коло Фк „Превалец“ гостуваше во Црнилиште каде со 5:2 ја совлада екипата на Ново Црнилиште. Бобан Андов одигра маестрален меч и постигна четири гола, додека Пеце Стојанов беше стрелец на еден. Кај домашните два пати прецизен беше Ибраимовски.
За годинешното првенство тренерот на Фк „Превалец“ Димче Маневски изјави:
-Есента во редовниот термин не започна првенството. Поголемиот број на екипи не можеа да ги исполнат барањата за ковид протиколите. Во фудбалската федерација се најде солуција првенството да се одигра пролетва. Се пријавија 14 екипи. Ќе се игра двокружен систем. Од 26те предвидени натпревари на кои треба да се настапи, секоја екипа ке одигра 20 средби или 75 % од лигата за да биде регуларно првенството. Истото ќе заврши на 29 мај. Две екипи испаѓаат додека се уште не е решено првакот дали директно оди во втора лига или ке се игра бараж, додаде Маневски.
Што се однесува до играчкиот кадар клубот се засили со три играчи: Дарко Ранготов, Бобан Атанасовски и Давид Астарџиев.
Лазар Лазаровски