Поповски: Антициклон причина е за ладните утра, потоплите денови и маглата по котлините

Објавено на 29 октомври, 2025 во 08:29

Под влијание на Антициклон,поле со висок воздушен притисок,  распространет над поголем дел од Европскиот Континент и над Македонија се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во државава времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините  и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла  и на ниска облачност.

И во Скопје и околината следува стабилно и суво време со појава на магла и на ниска облачност наутро и во претпладневните часови.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до и под нулата со што на повеќе места ќе има појава на мраз и на слана. Преку ден пак температурите ќе бидат малку повисоки  и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до 3 или 4 степени а преку ден ќе се искачува во интервалот помеѓу 16  и 18 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.