Агро претприемништво – нов модел и поттик за младите земјоделци да почнат сопствен „зелен“ бизнис
Објавено на 28 април, 2022 во 10:56

Креирање нови техники, стратегии и методи кои ќе ги мотивираат младите земјоделци да почнат сопствен еко или „зелен“ бизнис, е една од целите на проектот Европски млад земјоделец што беше презентиран на конференцијата „Green for growth“.
Со проектот, како што беше речено, се афирмира и промовира агро претпреимништвото како поинаков, креативен начин за самовработување во земјоделскиот сектор.
Млади земјоделци ќе имаат можност во септември да заминат на десетдневна обука во Бугарија, а ќе се креира и интернет платформа за е-учење.
