АХВ повлекува неколку серии од виршлите „вуди“ поради откриена бактерија

Објавено на 22 септември, 2022 во 12:40

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нареди итно повлекување на  неколку небезбедни серии од виршли од брендот „вуди“ (Wudy), кај кои вo земја членка на ЕУ било утврдено присуство на бактерија листерија моноцитогенес (Listeria мonocytogenes ST 155).

Овој чекор е инициран врз основа на добиено известување за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Северна Македонија, ако контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската Унија,

„Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3 030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот“, истакнаа од АХВ.

Оттаму додадоа дека за небезбедниот производ преку RASSF-системот на ЕУ известила Италија, која врз основа појавата на труење предизвикано со патогената бактерија Lysteria monocitogenes ST 155 го креирала наведеното известување кое било поткрепено и со лабораториска анализа. Спорните серии од производителот „Agricola Trevalli Soc Coap ARL“ од Италија во земјава биле увезени преку компанијата „Колид С тим“ од Колешино Струмица.

АХВ ги повикува потрошувачите кои ги купиле посочените серии од производот да не ги употребуваат, односно, да ги вратат на местото каде се купени. Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].

На крајот на минатиот месец АХВ од пазарот повлече небезбедна серија од органски биосок од јаболко од брендот „хип“ поради детектирана опасност од присуство на туѓо тело.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.