АМСМ: По осум часа дневно затворен за сообраќај регионалниот пат Велес – Градско

Објавено на 24 март, 2023 во 09:11

Поради вградување на асфалтен слој,асфалтирање, од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес-Градско односно делот од село Ногаевци до село Виничани ќе биде затворен за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.