АМСМ: Внимателно возете коловозите се влажни, затворени за сообраќај локални патишта
На 15.12,2021 г. од 10 часот мостот на река Брегалница кај село Долни Балван на локалниот пат село Долни Балван – село Таринци, општина Карбинци заради безбедност на учесниците во сообраќајот е затворен за сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2021 до 01.04.2022. Од охридска страна, сообраќајот ќе се одвива до месноста Корита.
Потсетување за возачите дека од 15 Ноември започнува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2022 година.
На патниот правец А2 Струга – Ќафасан, од бензинска пумпа ОКТА до излез на с. Франгово кај месноста Добра вода, поради оштетувања на коловозот брзината се ограничува на 40 км/ч.