Ангелов: Заедно да ги заштитиме македонските полиња и шуми!
„Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува. Апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително поведение молам веднаш да пријават на 112 или на некој другар, пријател или познаник кој информацијата ќе ја пренесе во МВР,“ апелира Стојанче Ангелов директор на Центар за управување со кризи.
Во текот на вчерашниот ден, вторник, 27 август, имаше вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 3 и изгаснати се 29.
Активни се пожарите во Општина Чашкана Планина Мукос, место викано Котева Круша, атар на село Оморани којшто е изгаснат од дожд додека активен е кракот кон село Степанци и место викано Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени каде гори мешана шума; во Општина Студеничани над село Црвена Вода, м.в.Крста каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума; во Општина Штип кај м.в.Јамуларци, во близина на Пенуш и воен полигон Криволак каде гори нискостеблеста шума и сува трева; во Општина Дебар на две локации и тоа прва кај село Татар Елевци гори мешана дабова шума и сува трева и втора во Општина Дебар кај село Могорче каде што се запалила депонија.
Изгаснати се 29 пожари.
Дума.мк