Бајден: Влезот на Финска и Шведска носи придобивки за целото НАТО
Објавено на 19 мај, 2022 во 10:31

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека силно ги поддржува барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО, што е потег кој, како што истакна, „дополнително ќе ја зајакне меѓусебната соработка и ќе донесе корист за целата Алијанса“.
Бајден рече дека САД ќе соработуваат со Финска и Шведска за да останат внимателни во случај на какви било закани за нивната заедничка безбедност, во време кога се размислува за пристапување на две нордиски земји, пренесе „Ројтерс“.
Бајден рече дека САД ќе соработуваат со Финска и Шведска за да останат будни во случај на какви било закани за нивната заедничка безбедност.
