Црна Гора го забрани увозот на домашни и диви свињи од Македонија

Објавено на 11 јануари, 2022 во 09:59

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора забрани увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, месо и производи од домашни и диви свињи од некои делови на Србија и Македонија.

Тамошното министерство соопштило дека областите Пирот, Зајечар, Бор, Браничево и Подунавље се на списокот на делови од Србија од кои е забранет увозот, пренесува подгорички „Вијести“.

Од Министерството за земјоделство потврдиле дека е забранет увозот на свињи поради африканската свинска чума.

Забраната се однесува и на други земји, вклучувајќи ги Кина, Русија и Украина, Индија, Филипините, Индонезија, Нигерија, Намибија, Замбија, Виетнам, Јужна Африка, Брегот на Слоновата Коска, Кенија и Лаос.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.