ЦУК: Вчера имаше 29 пожари, во моментов активен само еден
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК.
До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште еден – во Општина Македонски Брод, во пределот кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума).
Инаку, 29-те пожари државата, во последното деноноќие, биле конкретно во општините:
– Општина Шуто Оризари, покрај ул. „Индира Ганди“ (каде што горела ниска вегетација)
– Општина Студеничани, с,Батинци (ниска вегетација);
– Општина Зелениково;помеѓу с.Вржале и с.Морани (шума);
– Општина Гази Баба, 2 пожара, Парк шума „Гази Баба“(грмушки) и кај с.Раштак (ниска вегетација);
– Општина Ѓорче Петров, с.Ново Село кон река Лепенец (ниска вегетација);
– Општина Бутел, с.Луботен (ниска вегетација и отпадоци);
– Општина Илинден, во населба „Илинден“ (стрниште);
– Општина Прилеп, 2 пожара, с.Селце(ниска вегетација) и с.Ново Селани(ниска вегетација);
– Општина Босилово, помеѓу с.Басилево и с.Пиперево (ниска вегетација и ѓубре);
– Општина Гевгелија, 3 пожари во близина на Железничка станица „Гевгелија“ (ниска вегетација и капини), кај место Прдејци (ниска вегетација нискостеблеста шума) и с.Богданци (ниска вегетација и прнар);
– Општина Радовиш, помеѓу с.Јаргулица и с.Калуѓерци (ниска вегетација);
– Општина Кичево, с.Козица (стрниште);
– Општина Чашка, с.Горно Јаболчиште (букова шума);
– Општина Неготино, с.Пепелиште (ниска вегетација);
– Општина Карбинци, с.Горно Трогерци (ниска вегетација);
– Општина Куманово, 2, кај с.Долно Којнаре кон с.Речица (ниска вегетација и стрниште) и кај с.Никуштак (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, с.Драгоманце (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Тетово, 5 пожари, кај с.Жеровјане (ниска вегетација), с.Боговиње(картонски одпад) ,с.Одри (ниска вегетација), с.Доброште (ниска вегетација) и кј с.Палатица (ниви).
– Општина Гостивар, кај с.Старо Чајле (кае што горела нискостеблеста вегетација).
Дума.мк