Денеска облачно и дождливо време
Објавено: 4 мај, 2023, во 09:29 часот
Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Дневната температура ќе се движи од 10 до 20 Целзиусови степени.
Температурите во Скопје ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени.
Дума.мк


