До петок многу топло време, викендов невреме

Вемето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен попладне вдолж Повардарието. До петок ќе преовладува сончево и многу топло време.
Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање, минимална температура: 13°C до 22°C, максимална температура: 31°C до 38°C.
Во сабота, минимална температура ќе изнесува 13°C до 21°C додека максимална температура 31°C до 38°C.
Во недела ќе биде променливо облачно и нетабилно со повремен пороен дожд, фрмежи и засилен ветер, минимална температура ќе биде од 14°C до 22°C и максимална температура од 28°C до 35°C.
