Двоцифрен број на нови случаи на ковид-19
Објавено на 14 јули, 2021 во 15:27

Во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1.
Регистрирани сe седум оздравени пациенти и не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.
