ДЗС: Просечната плата во септември изнесува 45.466 денари
Објавено: 21 ноември, 2025, во 16:02 часот
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани, соопшти Државен завод за статистика. Според економистите, септемвриската повисока е за 115 денари од исплатената плата во август или за 0,3 %.
Државниот завод за статистика, ваквото зголемување додава дека се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3,5 отсто, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,8 и Рударство и вадење на камен за 1,1 отсто.
Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември годинава изнесува 68.392 денари и исто така е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец од минатата година.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование за 15,1 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,8 и Транспорт и складирање за 10,6 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3,6 отсто, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,9 и Рударство и вадење на камен за 1 отсто.
Дума.мк
