Еден загинат возач во страотната сообраќајка утрово кај Тајмишка раскрсница
Рано утрово во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан”, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи”, со скопски регистарски ознаки, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
-На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи”, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, соопшти Димовски во изјава за Слободен печат.
Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.
Поради сообраќајката утрово со часови беа блокирани стотици возила на патниот правец Кичево – Гостивар, а поради увидот сообраќајот беше во прекин од 7.30 часот, соопшти АМСМ, по што околу 9 часот се одвиваше отежнато, по една сообраќајна лента.
Извор и фото: Слободен печат