Бугарите поддржуваат изградба на нова нуклеарна централа!

Објавено на 31 јануари, 2013 во 10:04

Поголемиот дел од нив гласале ЗА, на референдумското прашање, но мала била излезноста, покажале резултатите.

Бугарите гласаа во корист на нуклеарната енергија. Ова го покажуваат резултатите од референдумот за изградба на нови атомски централи во државата, кој се одржа во неделата. Бугарите беа прашани: „Го поддржувате ли развојот на нуклеарната енергетика преку изградба на новата атомска централа?“. Гласале „ЗА“ 61%, а „ПРОТИВ“ – 35%. Притоа одзивот не бил многу висок (само 21,8%), но е над минималната граница. Ова означува дека сега прашањето за изградба на атомска централа ќе биде дадено на разгледување во парламентот.

Опозицијата го иницираше референдумот –  Бугарската социјалистичка партија. Првоначално прашањето било планирано да се постави поконкретно,но  и да се праша за изградбата на атомската централа „Белене“.

Во последно време плановите на бугарската страна се изменија. Сега на местото каде се врши изградбата на „Белене“ се планира да се изгради термоцентрала која ќе работи на гас. Бугарските власти имаат намера да го пренесат речиси готовиот руски реактор од централата „Белене“ во „Козлодуј“, и на таков начин да се зголеми бројот на енергетски блокови на единствената функционална атомска централа во земјата до три.

Денес во Бугарија функционираат петтиот и шестиот енергетски блок на АЦ „Козлодуј“. Тие реактори ќе работат до 2017, односно 2019 година. Како што неодамна изјави министерот за економија, енергетика и туризам, Делјан Добрев, работата на двата блока на единствената атомска централа во Бугарија (изградена во 1974 година), може да биде продолжена до 2030 или дури до 2040 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License