Ново задолжување во износ од 5,4 милиони евра
Министерството за финансии ќе одржи аукција на државни хартии од вредност на која од домашните кредитори ќе побара заем од 5,4 милиони евра. На аукцијата ќе бидат понудени три месечни записи со девизна клаузула, 12 месечни записи како и обврзници на 10 и 15 години. Утре за враќање доспева идентична сума , од 5,4 милиони евра.
Откако како министер за финансии беше поставен Кирил Миноски, не беше одржана аукцијата закажана на 28 јуни. Од министертсвото објаснија дека аукцијата нема да се одржи во насока на намалување на домашното задолжување и поголемо кредитирање на стопанството. Според предлог ребалансот кој е веќе во собраниска процедура, се предвидува зголемено задолжување на меѓународните пазари од првично најавените 371,7 милиони евра на 556 милиони евра.
Во втората половина од годината Владата планира да одржи вкупно 24 аукции.