Кога земјата има море: Двеста илјади работни места повеке
Објавено: 29 јули, 2016, во 07:58 часот
Стапката на невработеност во Шпанија паднала во вториот квартал на 20 отсто од 20,9 отсто од првите три месеци годинава, покажале официјалните податоци.
Бројот на невработени во периодот април – јуни е намален за 216.700, на 4,6 милиони, се наведува во соопштението на шпанксиот институт за статистика.
Сезонските работи во секторот на туризмот и угостителство традиционално помагаат во соборување на невработеноста во вториот квартал, наведува агенцијата АП додавајќи дека најновите податоци се позитивна вест за техничкиот премиер Маријано Рахој кој трага за подршка како би останал на таа функција.
Извор: Фактор
