Рускиот гасовод се шири кон Европа!

Објавено на 7 декември, 2012 во 10:45

Јужниот крак од Црно море преку Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија до Австрија.

Русија денеска ја започнува изградбата на Јужниот крак на гасоводот кон јужна и централна Европа. На церемониите во Анапа на брегот на Црно Море, присуствува и претседателот Владимир Путин. Газпром соопшти дека изградбата на делот кој оди под вода, ќе започне оваа недела, но, според експертите, подводната изградба не може да започне толку бргу. Предвидено е Јужниот крак да оди од Црно Море кон Бугарија, а потоа и до Србија, Унгарија, Словенија и Австрија, каде што ќе се спои со главниот европски гасовод. Европската Унија соопшти дека сеуште не ја знае деталната рута на овој проект.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.