Возовите возат, штрајкот на машиновозачите прекинат!
Објавено на 30 јануари, 2013 во 08:54
Машиновозачите го прекинаа штрајкот доцна синоќа по што возовите почнаа да сообраќаат.
Железничкиот сообраќај во Македонија беше во прекин околу 30 часа бидејќи штрајкуваа дел од вработените во МЖ Транспорт.
Си го бараа заостанатиот дел од декемвриската плата. Второто барање беше за редовно добивање на здравствени картони.
Синдикалците се сретнаа и со министерот за транспорт Мили Јанакиевски. На машиновозачите синоќа им било дадено ветување доколку МЖ Транспорт не успее сама тогаш Владата ќе ја исплати половината од заостанатата плата за декември.