УЈП потсетува на рокот за даночна пријава!
Објавено на 5 март, 2013 во 12:10
Управата за јавни приходи ги потсети граѓаните на законскиот рок, 15 март за поднесување на годишни даночни пријави. Оваа обврска ја имаат сите граѓани кои покрај плата изминатата година оствариле и дополнителни приходи.
Задолжителна е даночна доколку во минатата година издавале под закуп станбен или деловен простор, земјиште, викендица или друг вид на имот, ако склучиле авторски договор или оствариле приход од права од индустриска сопственост, како и ако им била исплатена дивиденда или камати по основ на заем, потоа ако оствариле капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза, добивка од игри на среќа, спортско обложување, лото или ако имале какви било други приходи, се наведува во соопштението на УЈП./ А.Д