Во кои региони во Македонија најмногу се гради!
Објавено на 14 јуни, 2013 во 07:56
Градежните компании, минатата година во земјава изградиле 1.507 објекти вредни околу 300 милиони евра. Половината од оваа сума е за изградба на нови објекти во високоградбата, додека останата половина е за ниско-градбата и за реконструкција, објави Фактор.
Вардарски регион
Во Вардарскиот регион инвестирани се близу 18 милиони евра. Најмногу во Велес, каде вкупната сума за извршени градежни активности е околу 8 милиони евра, вложени во 26 објекти. Околу 5 милиони евра се вложени во 127 објекти во Кавадарци, додека пак во Неготинo се вложени 3 милиони евра во 36 објекти.
