Во Москва потпишување на договорот за „Јужен тек“
Објавено на 23 јули, 2013 во 06:53
Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Москва треба да потпише договор за гасоводот „Јужен тек“.
„Со склучување на договорот за Јужен тек, сите други натамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец“, изјави Груевски.
Според премиерот „Газпром“, односно Руската Федерација треба да реши од каде ќе дојде кракот во Македонија, од Бугарија или од Србија.
