Многу струки недостасуваат во Македонија

Објавено на 16 август, 2013 во 10:21

Електромонтери, инсталатери, фармацевтски и градежни техничари – голем број струки се дефицитарни во Македонија. Дополнителен проблем е што постоечкиот кадар ја напушта државата најчесто поради ниските примања, се вели во анализата на Дојче Веле.

Неусогласеноста помеѓу образовниот систем и потребите на пазарот на труд е причина многу од неопходните занимања во Македонија воопшто да ги нема во образовниот систем, а дефицитарните кадри, поради повисоки плата, најчесто си заминуваат во странство.

Електроинсталатер и монтер на водоводна и гасоводна инсталација, гастрономи, медицински персонал, градежени техничари и работници, се само дел од занимањата кои според информацијата на Агенцијата за вработување на Р. Македонија за ДВ, „се секогаш барани струки на пазарот на трудот“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.