Најави за поевтинување на лебот

Објавено на 27 август, 2013 во 12:49

До крајот на годината можно е да има намалување на цената на лебот за десетина проценти, најавуваат мелничарите. Како  услов за намалување на цената  е прво да се ослободат од огромните залихи на брашното во магицините, но и да произведат ново поевтино по што ќе биде направена корекција на цените.

Од домашната реколта откупени се дури 90 отсто од родот по просечна цена од четиринаесеттина денари за килограм. Но, сепак ќе недостасуваат околу 150 илјади тони лебно зрно кои секоја година ги увезуваме. Токму со таа пченица производителите ќе прават математики како да испечат за некој денар поевтин леб, бидејќи истата е далеку поквалитетна и со пониска цена од откупената.

Проблеми во математиките на пекарите може да им направи само нелојалната конкуренција

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.