Невработеноста во Европа на рекордно ниво

Објавено на 30 август, 2013 во 14:17

И понатаму останува на рекордно високо ниво невработеноста во Европа. Најтешко погодени и натаму се јужноевропските кризни држави Грција и Шпанија, каде според последните расположливи податоци без работа биле 27,6 односно 26,3 проценти. Двете земји исто така се најмногу погодени од невработеност меѓу младите. Во Грција речиси 63 проценти од младите под 25 години немаат работа, во Шпанија 56 проценти. На трето место е „новајлијата“ во ЕУ, Хрватска со 55 проценти. Во сите 28 ЕУ земји повеќе од 5,5 милиони луѓе под 25 години се без работа.

Германија со 5,3 проценти спаѓа во земјите со најниска квота на невработеност. Според Сојузната агенција за вработување меѓутоа квотата на невработеност во Германија изнесува 6,8 проценти. Податоците не се совпаѓаат бидејќи се користат различни методи на пресметување на невработеноста. Во Германија имено луѓето кои имаат кусо работно време (пократко од 15 часа неделно) исто така се сметаат за невработени.

извор: DW

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.