Се бараат градежници, техничари и работници во услужни дејности
На пазарот на работна има потреба од скоро 5 000 вработени, во исто време кога 222 илјади граѓани се без работа, пренесува Фактор.мк. Последните статистички мерења покажаа дека во вториот квартал од годинава, во различни сектори , како што се преработувачката индустрија, трговијата, услужните дејности , здравството и други има 4 873 слободни работни места.
Најголем број на слободни работни места од 1 347 има во преработувачката индустрија, која пак во исто време зафаќа и најголем број на вработени 95 423 лица. Најголем број на слободни работни места има во преработувачка индустрија вкупно 1 347, во трговијата има 824 и објекти за сместување вкупно 717.
Според последните мерења на Заводот за статистика, најолем број на слободни работни места има во Скопскиот регион, а на второ и трето место се Источниот и Вардарскиот регион.
Слободни работни места по региони :
Скопски 180 778
Источен 50 050
Вардарски 41 815
Југозападен 38 249
Пелагониски 33 908
Статистиката покажува дека најголем број на слободни места по занимања има во услужните дејности 1 601, елементарни занимања 1 035, техничари 538 и службеници 511. На пазарот има потреба и од 295 научници и стручњаци.
Според последните расположливи податоци на Заводот за статистика, стапката на вработеност во Македонија изнесува 40% или има 668 957 вработени а на невработеноста изнесува 29,9 % или вкупниот број на невработени изнесува 284 823 лица.
